Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи груб и срамен удар врз културните работници токму во пресрет на големиот христијански празник Велигден. Наместо со зголемени плати, како што беше договорено со колективниот договор од 2021 година, вработените во културата празниците ги дочекаа без плата, велат од СДСМ.

„Од мартовската плата требаше да започне корекција на примањата во согласност со потпишаниот колективен договор. Наместо тоа, културните работници беа игнорирани и дискредитирани со манипулативни изјави од самото Министерство – дека не работеле доволно, дека не ја заслужуваат платата, дека платите биле „високи“.

Ваквиот однос покажува целосна незаинтересираност на Владата за оние што ја носат културата на грбот.

СДСМ прашува, зошто не се почитува колективниот договор? Зошто културните работници се навредуваат од страна на институцијата што треба да ги штити? Ако Љутков ако не е способен да ги исполни обврските, нека си поднесе оставка.

Културните работници не се статисти во општеството. Тие создаваат вредности, чуваат традиција, ја градат колективната свест. И заслужуваат третман со достоинство, а не молк, навреди и игнорирање.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари

ДЕСК

Честитка од претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

ДЕСК

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

ДЕСК