9. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп со нови идеи: Ќе им дава пари на мигрантите за да ја напуштат Америка

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека планира да воведе нова програма која ќе им нуди на имигрантите пари за доброволно да си заминат од САД.

Трамп изјави дека таквата „програма за самодепортација“ ќе вклучува финансиска помош и можност за легален влез во земјата подоцна.

„Ќе им дадеме малку пари и авионски билет, а потоа ќе работиме со нив. Ако се добри, ако ги сакаме назад, ние ќе работиме со нив за да ги вратиме што е можно поскоро“, рече Трамп во интервју за „Fox News“.

Трамп ветил дека ќе депортира рекорден број нелегални имигранти од САД, а неговата администрација бара од мигрантите да ја сигнализираат својата намера да заминат користејќи ја апликацијата за царинска и гранична заштита на САД под називот ЦБП Хоум./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

C +

Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

C +

Израел ги повика жителите на Газа да бегат кон југ пред офанзивата

C +