Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ралев: Скопје европска престолнина на културата е шанса што се добива еднаш, не е фер да ја испуштиме

„Годината кога треба да да биде Скопје градот на градната културата наближува. Ние не гледаме активности, дури гледаме дека некои некои работи стагнираат заради некакви правно-политички моменти“ вели Мишко Ралев, архитект и професор на факултет за архитектура и дизајн на American College во Скопје во интервју за Рацин.мк.

Тој додава дека титулата европска престолнина на културата може да се искористи за да биде акцелератор на развој, феноменален акцелератор. Не само за урбан, туку и за културен, за финансиски развој.

„Еве една паралела кога Скопје исто така доби една фина шанса за забрзување на развојот кога беше град домаќин на шаховската олимпијада. Беше направено олимписко село, па саемот каде што се одржа шаховската олимпијада. Беше направен хотел Континентал. Така да од тоа само може да бенефит да се има. Е сега што се кочи, каде се кочи навистина некако неможеме ни да разбереме. За тоа не се зборува, не знаеме кој треба да каже до каде е“ вели Ралев.

Тој додава дека Скопје европска престолнина на културата е шанса што град како Скопје ја добива еднаш во 20-30 години, бидејќи не може да добие Олимпијада или Евросонг, па не е фер да се испушти шансата.

Можеби ќе ве интересира

Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“, тврди СДСМ

ДЕСК

Сиљановска-Давкова ја прими албанската министерка за Европа и надворешни работи, Спиропали: Заедничката европска перспектива да стане реалност

ДЕСК

СНЕГ ЌЕ ТРУПА ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА, НЕКАДЕ ЌЕ ИМА И ПОРОЈНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Метеоролозите со нови најави за времето за следните 4 дена

ДЕСК