Centar.mk
СВЕТ

Се урна хеликоптер во Њујорк, шест лица загинаа, меѓу кои и деца

Неколку служби за итни случаи реагираа вчера вечер на извештајот за пад на хеликоптер во реката Хадсон, недалеку од западниот брег на Менхетен.

Според информациите објавени од полициската управа во Њујорк, хеликоптерот се урнал во близина на автопатот Вест Сајд и улицата Спринг, недалеку од пристаништето Пјер 40.

Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс потврди дека сите шест лица во хеликоптерот загинале.

Тој на прес-конференција рече дека во хеликоптерот имало тројца возрасни и три деца, а прелиминарните информации укажуваат дека пилотот и патниците се туристи од Шпанија.

„Во овој момент сите шест жртви се извлечени од водата и сите шест се прогласени за мртви“, рече Адамс.

Несреќата се случила околу 15 часот и 15 минути. по локално време во близина на Џерси Сити.

Од хеликоптерот можеше да се забележи како летаат остатоци додека паѓаа во реката.

Се појавија и снимки на кои наводно се гледа како хеликоптерот, кој подоцна се урнал, лебди во воздух пред падот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.