Centar.mk
БИЗНИС

Тимска игра на хуманост – Андријана Јовановска типуваше, а Mozzart донираше 

Хуманоста е секогаш на прво место, мото по кое се води компанијата Mozzart. Една од наjпознатите и редовни хуманитарни акции е хуманитарниот тикет за викенд кој по втор пат оваа година е добитен. Овојпат типувач беше новинарката Андријана Јовановска која одлучи добивката да ја донира на семејството од Петровец чија куќа изгоре во пожар. 

Многу се израдував кога ми јавивте дека хуманитарниот тикет е добитен и дека ќе може заедно да донираме пари на едно прекрасно семејство на кое му е потребна помош. Станува збор за дедо Трајан Трпковски од с. Петровец, кој на 82 години неодамна го изгуби својот дом во пожар. Верувам дека семејството наскоро ќе ги собере потребните средства и дека ќе имаат нов, топол дом. Да не звучам клише, но фала ви и вам за можноста да типувам преку хуманитарниот тикет, па заедно да им дадеме малку надеж на оние на кои им е потребна“, изјави Андијана Јовановска новинар во CRNOBELO.com. 

Куќата на семејството Трпковски изгоре во пожар пред два месеци по што е причинета голема штета. Потребна е итна санација, бидејќи во моментов во неа нема услови за живот. Донацијата од Mozzart ќе биде од исклучително значење за семејството. 

Драго ми е што по втор пат годинава имаме добитен хуманитарен тикет. Преку ова акција до сега помош стигна на голем број адреси. Се надеваме дека со нашата донација ќе успееме да помогнеме за санација на куќата. Реализацијата на хуманитарниот тикет за викенд продолжува и натаму” , изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart. 

Можеби ќе ве интересира

СИНДИКАТИТЕ ЌЕ ПОВИКААТ НА ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ: Минимална плата од 600 евра или работниците ќе се излеат по улиците

ДЕСК

УЈП со важно појаснување до граѓаните кои добија покани да платат данок за заработка во странство – досега засегнати десетина илјади граѓани за приходи од 2020-та година

ДЕСК

Секој петти граѓанин во земјата е сиромашен

C +