Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

МФ: Усвоена дополнета Среднорочна програма за стоковните резерви – ќе се складираат 1300 тони ориз со кои се покрива 60-дневна потрошувачка

Во Собранието вчера беше усвоена Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии.

Во стоковните резерви ќе се складираат 1300 тони ориз, односно 2400 тони оризова арпа, со коишто се обезбедува 60-дневна потрошувачка, а за што се потребни околу 100 милиони денари.

Оризот како култура која е од исклучително значење за населението во земјата и погодна за чување како стоковни резерви е опфатен со последните измени и дополнувања на Законот за стоковните резерви.

Стоковните резерви се формираат од производи кои се од исклучително значење за животот на населението во РС Македонија и се користат во случај на воена состојба, вонредна состојба, елементарни непогоди, еколошки катастрофи, како и при поголемо нарушување на пазарот.
Стоковните резерви ги сочинуваат: пченица, пченка, јачмен, оризова арпа, прехранбена сол, сурово сончогледово масло, нафтени деривати, лекови и медицински средства.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: ПОВИСОКИ ПЕНЗИИ, ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПЛАТИ И ИНВЕСТИЦИИ – Што носи владиниот Предлог-буџет за 2027 година?

ДЕСК

ХУАВЕИ ПРОГЛАСЕН ЗА ВИНОВЕН ПО ПОВЕЌЕ ТОЧКИ ВО САД – Американскиот суд со нова пресуда

ДЕСК

САД ПРЕДЛОЖИЈА НОВИ ЦАРИНИ ЗА 14 ТРГОВСКИ ПАРТНЕРИ – Кина и ЕУ меѓу засегнатите економии

ДЕСК