Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Царините се прекрасна работа

Во услови на потоп на берзите ширум светот, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека царините се „прекрасна работа“.

„Имаме огромни финансиски дефицити со Кина, Европската унија и многу други. Единствениот начин на кој овој проблем може да се излечи е со царините, кои сега носат десетици милијарди долари во САД. Тие се веќе во сила и тие се прекрасна работа да се видат.

Дефицитот со овие земји растеше за време на „претседателството“ на заспаниот Џо Бајден. Ќе го свртиме, и тоа брзо. Еден ден луѓето ќе сфатат дека царините се прекрасна работа за Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Азиските берзи денеска остро паднаа, продлабочувајќи ја глобалната берзанска криза предизвикана од наметнувањето царини од страна на Трамп за речиси целиот свет, при што тргувањето на јужнокорејската берза беше запрено на пет минути, бидејќи беше активиран прекинувачот за тргување дизајниран да спречи панично продавање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

C +

Трамп го предупреди Иран: Мора да постигнеме договор, во спротивно ќе биде многу трауматично

C +

Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“

C +