1. април 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Илиевски: СДСМ бара одговорност од Тошковски поради нарушената безбедност и пропустите во Кочани

Интегрален текст од денешната прес-конференција на Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ:

Почитувани граѓани,

Тешката трагедија во Кочани што ја потресе целата држава и во кој трагично го загубија животот 59 млади луѓе, а над 200 беа повредени – ѓи разоткри пропустите во институциите но и колапсот на безбедносниот систем.

Затоа е потребна одговорност особено во врвот на МВР и БЈБ.

Без селективност и без обиди да се заобиколат оние кои што имаат најголема одговорност.

Нешто не е во ред со безбедноста во државата, а за тоа се молчи. Мора да има одговорност согласно законите, но и морална одговорност.

После катастрофалната трагедија во Кочани, продолжија серија на безбедносни инциденти.

И тоа : пукања со огнено оружје, убиства, сообраќајќи, прегазени луѓе на улиците, се нашето секојдневие.

-Пред само неколку дена вработена во прилепскиот Центар за социјални работи беше ранета откако во неа беше пукано со огнено оружје.

Исто така се пукаше и во с.Моране, каде што беше повредено едно лице.

Дополнително, над 20 сообраќајќи со повредени и прегазени се случија по улиците на нашите градoви.

Во Скопје, беа прегазени жена и дете.

Сообраќајни несреќи со повредени имаше и во Битола, каде исто така беше прегазена жена, а во Кавадарци беа повредени 4 лица, но и во Штип, Тетово, Гостивар, Македонска Каменица, Скопје.

Безбедноста на граѓаните не е на нај високо ниво.

Безбедносниот системот целосно потфрли. Превенцијата која што е директна надлежност на МВР и Панче Тошковски затаи. Контролите ги нема.

Има само последици, тешки и недозволиви.

Затоа СДСМ бара: оставки и одговорност од раководството на МВР на чело во Панче Тошковски.

Граѓаните мора да се чувствуваат сигурно на улиците, децата мора да растат во безбедна средина, а институциите мора да бидат во служба на народот.