Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Папаја за Владата – трошки за народот, срамна одлука за “зголемување” на минималната плата од 1.800 денари

Интегрален текст од денешната прес конференција на СДСМ, Кристина Костова – потпретседателка:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Срамна, понижувачка и крајно неодговорна е одлуката на Владата за некакво бедно покачување на минималната плата од само 1.800 денари.

Што да прават работниците со 1.800 денари во услови кога истата оваа Влада дозволи екстремно зголемување на цените на храната и на производите.

Владата на ДПМНЕ очигледно нема допир со реалноста и покажува тотална негрижа за најважното, стандардот на граѓаните.

Како пресметаа дека 1.800 денари им се доволни на работниците?

Граѓаните секојдневно се борат да преживеат, со високи цени, високи сметки, а со мизерни плати.

Растот на трошоците за живот е сериозен притисок врз семејниот буџет и граѓаните едвај врзуваат крја со крај.

Потрошувачката кошница во февруари 2025 достигна 63.773 денари. За над 100 евра е зголемена во споредба со лани.

И со ова бедно зголемување, повторно две минимални плати не се доволни за да се покријат основните месечни трошоци на едно семејство.

Додека граѓаните бираат дали да купат храна или да платат сметки, ДПМНЕ во историски најголемиот буџет не предвиде пари за работниците.

Но затоа има пари за папаја, манго, лосос, за приватни авиони и непродуктивни трошења на владата и нејзините функционери.

За работниците остави трошки и ги остави во сиромаштија. Граѓаните да живета на воздух а владата на манго и папаја. Срамота.

Дополнително, за прв пат откако е воведена минималната плата, оваа власт ја донесе срамната одлука за нејзина корекција сама без консултација и без да ги слушне барањата на работниците.

Почитувани,

Оваа Влада се грижи само за себе и за богатите елити. Нејзината неспособност за само девет месеци предизвикаа економска катастрофа и сериозно влошување на условите за живот. И сега ги турка работниците кон подлабока сиромаштија.

СДСМ во изминатиот период докажа дека минималната може и мора да се зголемува и тоа го правевме со соодветни законски решенија.

СДСМ ја зголеми минималната плата од 8.000 денари во времето на ДПМНЕ на 22.567 денари и сега бараме зголемување на 500 евра затоа што тоа е минимумот којшто ќе им обезбеди на работниците покривање на трошоците за живот.

Бидејќи власта ги игнорира работниците ние ќе поднесеме закон за зголемување на минималната плата.

СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците, нема да отстапиме од барањата за достоинствена плата и живот на секој работник.