Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Значително пораснал бројот на доктори на науки во Македонија, забележан раст и на специјалисти и магистри

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година, звањето доктор на науки го стекнале 215 лица, што претставува зголемување за 23.6 % во споредба со 2023 година.

Најголем број од лицата, 22.4 %, докторирале во областите здравство и социјална заштита, потоа 16.7 % уметност и хуманистички науки, следат бизнис, администрација и право со 14.4%, општествени науки, новинарство и информирање со 11.6 %, а останатите области се со помал процент на застапеност.

Од вкупниот број лица што докторирале во текот на 2024 година, 106 или 49.3 % од нив се жени.

Пораснал бројот на магистри и специјалисти
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2024 година звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 846 лица, од кои 1550 или 84 % се магистри и 296 или 16 % се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2023 година, е зголемен за 0.9 %.

Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што стекнале научен степен магистер на науки во 2024 година е 61.6 %.

Во 2024 година, најголем број од магистерските трудови, 644 или 41.5 %, се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 19.8 % се од областа на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените науки со 12.6 %, а останатиот дел од областите се со помал процент на застапеност.

Можеби ќе ве интересира

Преку мобилна апликација секој ќе може да си провери дали има казна од „Безбеден град“, ќе се бележи историја на прекршоци за секого

C +

Инцидент во скопско село: Закани со огнено оружје по конфликт за паркинг

ДЕСК

Предновогодишна тепачка во угостителски објект во Скопје

ДЕСК