Изјава на премиерот Христијан Мицкоски:
„Добар ден од мене.
Јас немам што да додадам на ова што претходните говорници веќе го кажаа.
Би сакал да им честитам на граѓаните на Радовиш. Сите овие проекти, нека си ги користат со задоволство. Има уште проекти, тука нема да застанеме, знам дека ниту како општина, ниту како Влада. Многу како Влада, во изминатиот период, инвестираме во Радовиш, и ќе продолжиме да инвестираме во Радовиш.
Проектите ги кажа градоначалникот. Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на градоначалникот, на ресорните министри коишто се со мене, како и на пратеничката, на администрацијата на Општина Радовиш, на советниците, на сите што заеднички работат и придонесуваат овие проекти да бидат готови, за да можеме ние како Влада да ги финансираме.
Јас само посакувам овие проекти побргу да бидат завршени, за да можат радовишани да ги користат.
Како Влада, продолжуваме да градиме, затоа што тоа е нашата инспирација и цел. Македонија мора да се гради.
Јас знам дека граѓаните имаат лоши спомени од минатото, чувствуваат гнев. Затоа што наместо да се гради, Македонија се крадеше. Сега имаме поинаква Влада, поинаква амбиција. И со таа посветеност продолжуваме да работиме. Честитки, и нека се множат уште повеќе успешни проекти.“
Фото Влада / Радовиш/ 24.03.2024