Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Величковски: Сите институции потфрлиле во случајот со дискотеката во Кочани

Ивон Величковски на социјалните мрежи во опширна објава се осврна на случувањата во дискотеката во Кочани, вклучително и на преземените мерки по трагедијата.

Според него, сите институции имаат потфрлено како за процедурата за проверка дали „Пулс“ исполнувала услови, а така и подоцна додека се презмаат дејствија за расчистување на случајот.

„Од моментот кога „Пулс“ станала „дискотека“ во 2012 до кобното неделно утро на 16 март:
– во МВР (министрите, преку началниците на полицијата и противпожарната заштита, под нивна надлежност),
– општината (и сега притворените градоначалници),
– МТ (министрите, преку началниците на подрачната единица назначени од нив),
– УЈП и ДПИ (нивните директори, преку подрачните раководители назначени од нив)…
… сите овие институции (на локално или национално ниво) потфрлиле во проверката (на исполнувањето на побаруваните стандарди за отворање и работење) на „дискотеката“.
Од пристапност на противпожарни возила во ваков случај се до бројот на присутни лица кобната вечер и присуството на малолетни лица во објектот“ пишува тој.

Потоа, Величковски го проширува опфатот на одговорност.

„За „Пулс“ да добие лиценца, морало да добие мислења и дозволи по кои на крај добива лиценца од Министерството за економија, врз основа на мислењата и дозволите од органите на управата. И морал да функционира во правниот и финансискиот промет од 2012 наваму – што значи да биде контролиран и инспектиран.

„Прво, овој документ е фалсификат, лиценца нема. Правен документ објектот нема од пред повеќе од една година, овој документ е фалсификат. Дали ДПИ требало да излезе токму во оваа дискотека, тоа не го пишува никаде во законот…“ – ќе изјави премиерот на Прес-конференција по кочанската трагедија.
Дали од ова треба да заклучиме дека всушност еден од притворените, екс-министерот за економија Бектеши одговара за „лиценца“ што не постои? Некој го употребил неовластено неговиот потпис? Не е логично да се истражи кој всушност го издал лажниот документ?
За илустрација: имате автомобил што подолго не го користите и ви стои во гаража. Некој ви го украл, вие не знаете за тоа и крадецот направил сообраќајка со вашето возило. Кој е виновен за сообраќајката, сопственикот на украденото возило или тој што го украл и управувал возилото? Според мене – вториот“ вели Величковски.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК