Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Влажен бран доаѓа во Македонија, носи поројни врнежи, грмежи и силен ветер: Синоптичарите со детална прогноза

Под влијание на влажни воздушни маси од југ, од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/час). Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24 часа)

Во Скопје, од утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 23.03.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Променливо облачно, наместа со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Прогноза за 24.03.2025
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Променливо облачно наместа со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Прогноза за 25.03.2025
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 15°C до 21°C

Променливо облачно, наместа со повремен дожд. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер проследени со грмежи. Ќе дува умерен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК