Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски следната недела ќе се сретне со европските лидери во Париз

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ќе биде во Париз следната недела за да разговара со клучните европски лидери за тековните напори за ставање крај на војната, безбедносните гаранции за Киев и зголемената помош за неговата земја, изјавија двајца дипломати.

Дипломатите рекоа дека Зеленски ќе пристигне во Париз на 26 март и дека средбите со лидерите ќе се одржат на 27 март, а ќе бидат вклучени Обединетото Кралство, Полска и Германија.

Трет дипломат рече дека Канада и Италија биле поканети, иако другите не можеле да го потврдат нивното присуство./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Убиецот на јапонскиот премиер осуден на доживотен затвор

ДЕСК

Белгискиот премиер: Трамп е гладна гасеница

ДЕСК

Во Србија стигнуваат летачките такси

ДЕСК