Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава против фирма од Струмица и управителот за даночно затајување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против правно лице од Струмица и лице(37) од Кавадарци, управител на правното лице, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ по член 279 од Кривичниот законик.

Пријавените, во периодот од 01.12.2023 до 31.12.2023, имале обврска како даночни обврзници да извршат уплата на данок од личен доход на добивка од игри на среќа во износ од 626.457 денари, а во периодот од 01.01.2024 до 30.04.2024 имале обврска да извршат уплата данок на лични доходи по други основи во износ од 351.845 денари , но не ги уплатиле.

Исто така, пријавените, за остварениот приход од приредување на игри на среќа во автомат клуб за периодот од 01.01.2024 до 30.04.2024 оствариле приход како разлика меѓу уплатите и исплатите за износ од 6.270.304 денари, на која пресметале а не уплатиле 20% посебна давачка во износ од 1.254.061 денари.

Со ваквите дејствија, пријавените го оштетиле Буџетот на РСМ за вкупен износ од 2.232.363 денари.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +