Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Трамп денеска ќе разговара со Путин: „Војната мора да заврши веднаш“

Американскиот претседател Доналд Трамп пред телефонскиот разговор со Владимир Путин изјави дека „многу елементи“ од мировниот договор во Украина се веќе договорени со неговиот руски колега.

Трамп на платформата Truth Social најави дека утрово ќе разговара со Путин. Тој рече дека иако се постигнати договори за некои прашања, „се уште треба да се договорат многу работи“.

„Секоја недела носи 2.500 загинати војници, од двете страни, и мора да престане СЕГА. Со нетрпение очекувам да разговарам со претседателот Путин“, напиша Трамп.

„Ќе видиме дали можеме да постигнеме мировен договор, прекин на огнот и мир, и мислам дека ќе можеме да го направиме тоа“, изјави тој за новинарите еден ден претходно на „Ер Форс 1“.

Во своето ноќно обраќање во понеделникот, украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Путин за продолжување на војната. „Овој предлог можеше одамна да се спроведе“, рече тој, додавајќи дека „секој ден во време на војна значи човечки животи“.

Францускиот претседател Емануел Макрон ја пофали „храброста“ на Зеленски во прифаќањето на предлогот за прекин на огнот и ја предизвика Русија да го стори истото. „Доста е смрт. Доста е со уништени животи. Доста е уништување. Оружјето мора да замолчи“, рече Макрон во објавата на платформата X./Извор:Makfax