Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Двајца повредени во пожарот во Македонија пристигнаа на лекување во Загреб

Две лица од Македонија, кои беа повредени во пожарот во „Пулс“ во Кочани, рано утринава по 4 часот пристигнаа на лекување во Хрватска. Тие се лекуваат на Клиниката за трауматологија при болничкиот центар „Сестра на милосрдието“ во Загреб.

Заедно со Грција, Бугарија, Србија и Турција, рака на помош на настраданите во големата трагедија во Македонија, каде што 59 лица загинаа во пожар во дискотека, им подава и Хрватска, објавуваат хрватските медиуми.

По пристигнувањето на пациентите на Клиниката за трауматологија, беше планирано да се дефинираат тежината на нивните повреди, степенот на изгорениците и повредите на другите телесни функции, со оглед на тоа дека преживеале тешка психофизичка траума. Потоа се подготвува план за лекување, пренесува „Дневник.хр“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК