Centar.mk
РЕГИОН

Ден на жалост во Србија поради трагедијата во Македонија – знамињата на половина копје

59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што избувна на 16 март околу 3 часот по полноќ, поради што српската влада го прогласи 18 март за Ден на жалост.

Државните органи и организации, како и другите правни лица кои го истакнуваат знамето, се должни да го спуштат знамето на Република Србија на половина копје, со соодветно осветлување ноќе.

Радиодифузните организации за информирање на јавноста на територијата на Србија се должни во своите програми да емитуваат музика и програми соодветни за Денот на жалост, вклучително и програми наменети за странска публика, наместо хумористични, забавни, фолклорни и други програми со забавна и народна музика.

Музеите, театрите, кината, организациите кои имаат музичко-сценски програми, архивите и другите културни институции исто така се должни да ги приспособат своите програми на Денот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +

23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци во Белград

C +

Драматични сцени по протестот во Белград: Апсења, судири и полициска реакција во центарот

ДЕСК