Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

Вучиќ: Ќе имаме избори на 8 јуни доколку не се формира нова влада до 18 април

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на владина седница изјави дека оставката на премиерот Милош Вучевиќ ќе биде констатирана на седница на Собранието во вторник или среда. Од тој момент почнува да тече рокот за формирање нова влада.

Како што рече Вучиќ на седницата, тоа значи дека 18 април е крајниот рок за формирање на влада во Србија.

„Ако сакате, а ако не, тогаш одиме на избори, каде што рокот е од 45 до 60 дена. Тоа значи дека, ако не се формира влада, изборите би биле на почетокот на јуни – 1 или 8 јуни. Пологично е 8 јуни“, рече Вучиќ.

Да потсетиме, српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на вонредна прес-конференција на крајот на јануари, што доведе до пад на целата влада. Падот на владата доаѓа во време на студентски и граѓански протести кои траат повеќе од три месеци, барајќи од властите да одговараат за несреќата во Нови Сад, кога 15 лица загинаа при уривање на настрешница на станицата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

C +

Нова автобуска несреќа во Србија – има мртви и повредени

ДЕСК

Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

C +