Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Се најавуваат нови настани – “Секој еден може да е следен” организира собир утре во 18 часот на плоштад Македонија

– Македонија повторно е завиена во црно. Уништени и во грч седиме пред екраните во исчекување на нова поголема бројка, во исчекување на нова поголема тага. 59 млади лица не го видеа денешниот ден. Дупло повеќе се во болници и тешко повредени. Ние, како и децата во дискотеката, сме повторно беспомошни и оставени сами на себе. Во овие траорни денови, Македонија треба да биде заедно. Треба да си бидеме рамо за плачење и треба да си дадеме еден на друг утеха, ако воопшто и можеме. ,,Кој е следен?” повикува на заедништво во ужасов. Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, утре во 18:00 часот да се соберат на плоштадите од своите градови и да не поминуваат низ ова сами. Повикуваме во чест на починатите да се поделат црни ленти, за како народ да покажеме дека згаснатите животи нема да бидат заборавени. Тек допрва ќе доаѓаат црните денови за нас, а низ Македонија заедно ќе се тагува и плаче. Така, ќе треба и Македонија заедно да се лечи.

Изразуваме длабоко сочувство до фамилиите и нека им почиваат душите во мир.

АПЕЛИРАМЕ да не се блокираат улиците за да може медицинските возила да се движат без пречки во сообраќајот, се вели во објавата на инстаграм на движењето “Секој еден може да е следен”.

Можеби ќе ве интересира

Македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Државата Катар и Обединетите Арапски Емирати да побараат помош

C +

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

C +

СДСМ бара реакција од ДКСК и повлекување на Ефимија од Развојната банка поради конфликт на интерес

C +