Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Откажани сите активности во Собранието: пратениците со сочувство до семејствата на загинатите во пожарот и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства што поскоро

На денешната Координација која се одржа во 10 часот во Сала на Влада на Собранието, присуствуваа претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи, како и генералната секретарка и претставник од Владата.

Координацијата започна со оддавање почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Присутните изразија сочувство до семејствата на загинатите во пожарот и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства во добро здравје што поскоро.

Претседателот на Собранието предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2.5 милијарди евра стари долгови

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

ДЕСК