Како што соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Осомничени се повеќе од 20 лица. Околу 15 лица се во полициска станица, дел од осомничените за предизвикување на овој кривично правен настан се починати согласно сомненијата кои ги имаме досега, од аспект на осомничени, дел се во болница. Четири лица имаме обезбедени во болница, два члена на бендот, син на сопственик на дискотека и управител на правното лице кое што ја менаџирало дискотеката.
Дел од приведените лица кои што моментално се во полициска станица се луѓе кои имаат директна вина во врска со овој кривично правен настан согласно доказите кои што ги имаме досега, односно приведено е лице кое е организатор на настанот и за кое што имаме сомнение дека имаат директна вина, рече Тошковски.
Исто така приведени се поранешен државен секретар на министерство за економија, поренешен раководител на еден сектор во рамки на министерството за економија, поранешен директор на дирекција за заштита и спасување и тројца во рамки на дирекцијата…
– Легална лиценца за работа оваа фирма нема. Не би сакал да откривам повеќе детали во таа насока бидејќи сме во рана фаза во таа истражна постапка. Сакам да кажам дека и оваа лиценца е поврзана со мито и корупција.
За разлика од претходно во овој случај имаат име и презиме тие кои што се вклучени во нелегалното издавање на лиценци и ќе одгоараат.