Според она што официјално се знае најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 155 се повредени во пожарот што избувна во неделата во раните утрински часови во ноќен клуб во Кочани во источна Македонија.
Оваа информација попладнево ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пожарот настанал од искри од пиротехнички средства што се користат за светлосни ефекти при настап на групата ДНК, соопштија властите, а во тек е префрлањето на 22 повредени лица кои се во критична состојба во болниците во Турција, Бугарија и Грција.
Клубот во кој се одржа концертот немаше дозвола за работа, а неговиот сопственик и организаторот на настанот се приведени за едно со уште петнаесетина други.
Како што наведоа властите за трагедијата се осомничени повеќе од 20 лица, меѓу кои и вработени во Министерството за економија.
Локалните медиуми јавуваат дека клубот во кој настапувал рап бендот ДНК, основан во 2002 година, бил „импровизиран“ во поранешен магацин за теписи.
Во трагедијата загинале и 3 малолетници лица, а повеќе од 20 се повредени.
Досега во историјата на Македонија ваква трагедија не е запаметена.