Centar.mk
РЕГИОН

Уапсен возачот кој удри три лица во Белград во пресрет на протестите

Полициските службеници во Белград го пронајдоа и го уапсија возачот Ж. М.(1975) кој денеска во населбата Беле Воде со БМВ прегази три лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Брзата помош ги пренесе повредените во Ургентен центар за понатамошна нега.

Возачот пружил активен отпор, но бил совладан и уапсен од полициски службеници.

Полицијата продолжува да работи во соработка со надлежното обвинителство на утврдување на сите факти и околности на настанот, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Црногорка од крузерот со хантавирус, префрлена во карантин

C +

Пукање во кафуле во Хрватска: го убил шефот на крим полицијата, па се застрелал себеси

C +

Вучиќ: Претстојната посета на Кина ќе биде најважната во мојата политичка кариера

C +