Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Започна реконструкцијата на локалниот пат Драчево- Мотел Китка делница село Црвена Вода „Китка’’ во Општина Студеничани

„Добар ден.Јас навистина сум среќен што денес се наоѓам овде, на ова преубаво место. Немам што да додадам во однос на овој проект, на тоа што веќе претходните говорници го кажаа- од аспект на техничките карактеристики, од аспект на буџет.

Мене ќе ми дозволите само да му се заблагодарам на градоначалникот и да му честитам за посветената работа, еве што изготвува проекти, со тие проекти потоа се аплицира во оваа владина програма, за да можеме ние да ги реалоцираме средствата од централниот буџет и да поддржиме ваков тип на општински проекти.

Да им се заблагодарам на моите колеги од Владата, на членовите на Владата, на советниците, на администрацијата овде во Општина Студеничани, на сите оние коишто работат за доброто на граѓаните.

И сè додека функционира сето ова вака како што функционира, ќе има проекти – ќе има проекти коишто значат поквалитетен живот на граѓаните, покомфорен живот, поубав живот. Ние немаме намера да заборавиме ниту едно место на целата територија на Македонија, ќе инвестираме секаде. Тоа го правиме еве веќе деветти месец, покажуваме поинаков начин на функционирање на Влада.

Еден од претходните говорници кажа дека порано се инвестираше во општини коишто не беа градоначалниците од опозицијата, се бираше од која политичка партија се. Ние немаме таква намера, инвестираме секаде и ќе продолжиме така да се однесуваме во иднина. Ќе покажеме еден поинаков карактер, едно поинакво однесување, бидејќи граѓанинот-Македонецот, Албанецот, Турчинот, Србинот, Ромот, Бошњакот и сите останати, Влавот-се центарот на нашето внимание, и сите ние заедно ќе работиме за нивно подобро утре.

Така што уште еднаш еве да им посакам уште многу проекти овде во Општина Студеничани, и поубав и покомфорен живот на граѓаните во Општина Студеничани. Ви благодарам.“

Можеби ќе ве интересира

Честит именден на сите кои се викаат Никола – денеска се слави голем празник, во православниот календар е напишан со црвени букви

ДЕСК

ОБЈАВЕНА Е ПОВЕЌЕ ДНЕВНАТА ПРОГНОЗА – Познато е кога ќе трупа снег низ Македонија

ДЕСК

Претседателот на Собранието прими делегација предводена од претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА)

ДЕСК