Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

СЕ КРЧКА НЕВРЕМЕ: Овие делови од Македонија од попладнево ќе бидат зафатени од пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер – а најавен е и град

Како што соопшти УХМР во текот на денешниот ден ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмежи.

Според метеоролозите процесите ќе бидат поинтензивни во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 l/m2), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

Додека пак во текот на утрешниот ден и во сабота времето ќе биде стабилно и топло со засилен јужен ветер (над 60 km/h). Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме.

Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК