Centar.mk
РЕГИОН

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Обвинителството на Босна и Херцеговина денеска издаде налог за приведување на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ, и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ.

НАТО се огласи со изјава за ситуацијата во Босна и Херцеговина нагласувајќи ја својата позиција за стабилноста на регионот.

„НАТО останува цврсто посветен на стабилноста на овој регион и на суверенитетот, територијалниот интегритет и безбедноста на Босна и Херцеговина“. Тие повикаа на почитување на Дејтонскиот мировен договор.

„Ја поддржуваме Канцеларијата на високиот претставник, сите дејства што го поткопуваат Дејтон, уставниот поредок или националните институции се неприфатливи. Запаливите реторики и акции се опасни и претставуваат директна закана за стабилноста и безбедноста на Босна и Херцеговина“, додаваат тие.

„Генералниот секретар на НАТО ја истакна потребата политичките лидери во Босна и Херцеговина да го направат својот дел и да преземат одговорност за напредокот и стабилноста на својата земја“, се вели во соопштението, во кое се додава дека НАТО и меѓународните партнери активно ја следат ситуацијата и немаат намера да дозволат безбедносен вакуум.

„Генералниот секретар јасно стави до знаење дека ова не е 1992 година и дека НАТО и неговите меѓународни партнери се присутни и ангажирани во Босна и Херцеговина и нема да дозволат да се појави безбедносен вакуум. На крајот, тој истакна дека алијансата е посветена на соработката со Босна и Херцеговина“, се вели во соопштението на НАТО./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +