Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Бен Афлек проговори по видеото на кое синот му бара патики од 6.000 долари

Видео неодамна стана вирално на социјалните мрежи во кое синот на Бен Афлек бара од својот татко патики што чинат 6.000 долари. Актерот во ново интервју ги откри своите размислувања за желбата на својот син.

„Ете што се случува кога на синот ќе му речеш да коси трева. Одеднаш повеќе не ги сака тие патики. Му реков: Не ти требаат патики од неколку илјади долари. Тој ми одговори дека имаме пари, а јас му возвратив: Јас имам пари, ти немаш“, рече актерот во интервју за „Аксес Холивуд“.

„Вака се воспитуваат децата во милионерско домаќинство“, „Еден од ретките луѓе што изгледа разумно и пристапно“, „Бен одеднаш стана вистински бостонски татко“, „Сосема си во право“, „Тој ја кажува вистината, треба да ги научи децата на скромност“, коментираат обожавателите, воодушевени од неговата реакција.

Додека неговиот син Семјуел гледаше во патики, особено му го привлекоа вниманието едни чија цена достигнува шест илјади долари. Еден од присутните во видеото коментира дека актерот сигурно не бил воодушевен од идејата, на што Афлек даде едноставен, но ефикасен одговор: „Тоа се многу тревници за косење“.

Овој момент одекна кај обожавателите што отидоа на „Тик-ток“ за да го пофалат родителскиот пристап на Афлек.

„Тој вреди стотици милиони, а рече не. Нека ги заработи, добар татко“, напишал еден корисник. Друг додаде: „Секоја чест, така се воспитува дете“.

Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер заедно одгледуваат три деца – Вајолет (19), Серафина (16) и Семјуел (13). Иако се разведоа во 2015 година по една деценија брак, останаа во добри односи и продолжуваат да соработуваат како родители./Извор:Makfax