Centar.mk
СВЕТ

Папата помина мирна ноќ во болница, вчера дури можеше малку и да работи, извести Ватикан

Папата Франциско, кој речиси три недели е во болница со билатерална пневмонија, помина уште една мирна ноќ, соопшти денеска Ватикан. 88-годишниот папа, беше примен во римската болница Гемели на 14 февруари со тешка респираторна инфекција која бара постојан третман.

Ватикан вчера соопшти дека неговата состојба останала стабилна тој ден, што му овозможило малку да работи и да ја зголеми физиотерапијата за дишење и мобилност. Се додава дека тој немал никакви респираторни кризи, кои се случиле претходните денови.

Франциско не е виден во јавноста откако влезе во болница, што е негово најдолго отсуство откако ја презеде функцијата пред 12 години. Неговите лекари не кажаа колку долго може да трае третманот.

Папата во последните две години во неколку наврати страдаше од лоша здравствена состојба и е склон на белодробни инфекции бидејќи како млад имал плеврит и му бил отстранет дел од едното белодробно крило. Двојната пневмонија е сериозна инфекција која може да остави лузни, што го отежнува дишењето./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја изврши првата наплата за премин низ Ормускиот теснец

C +

Синот на последниот шах на Иран: Нејасните пораки на ЕУ за Иран можат да имаат последици

C +

Поранешен шеф на НАТО: Европа мора да стане воено независна од САД

C +