Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Два одделни инциденти со возила во пламен – Изгореа неколку автомобили во Скопје

На 05.03.2025 во 13.25 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Саса“ во нас.Пинтија настанал пожар во патничко возило во движење „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.П.(52) од Скопје. Од пожарот било зафатено и друго патничко возило во движење „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(34) од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.03.2025 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар на патничко возило „шевролет матиз“ во движење со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(48) од Скопје. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК