Centar.mk
фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Иванов: Предлог буџетот за 2027 година се темели на три принципи, економски раст, финансиска стабилност и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Душко Иванов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на која се дискутираше Предлог буџетот за 2027 година се осврна на повеќе теми меѓу кои и социјалната компонента на истиот како и  инвестициите.

,,Предлог буџетот за 2027 година е буџет кој се темели на три суштествени принципи: економскиот раст, финансиската стабилност и подобрување на животниот стандард на сите граѓани“, рече Иванов.

Тој се осврна и на социјалната компонента на Предлог буџетот: ,, За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, што претставува зголемување за 4,1% од кои 123,8 милијарди денари се наменети за пензии и раст за 4,8% согласно законското усогласување на пензиите“.

Иванов говореше и за инвестициите, за што кажа дека секое ново работно место и секоја компанија која го проширува производството е додадена вредност за македонската економија.

,,На државата и се потребни конкурентни компании, стабилна деловна клима, предвидлива даночна политика, институции кои ќе бидат сервис на стопанството, а не административна пречка како во претходните години. Поради тоа поддршката на домашното производство, малите и средните претпријатија, земјоделството и извозно ориентираните компании се дел од долгорочната економска стратегија на оваа Влада“, кажа тој и додаде:

,,Нашата политичка определба, политичката определба на оваа влада е јасна да градиме држава со стабилни јавни финансии, посилна економија, повеќе инвестиции и подобри услови за живот“.

фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

“1,13 милијарди евра за увоз на храна, а нивите пусти!”

ДЕСК

Арсова: Со Предлог Буџетот за 2027 се зголемуваат средствата за клиничките центри во Скопје и Штип

ДЕСК

Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба

ДЕСК