Centar.mk
фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-МАКЕДОНИЈА

Арсова: Со Предлог Буџетот за 2027 се зголемуваат средствата за клиничките центри во Скопје и Штип

Драгана Арсова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет, истакна дека Предлог буџетот за 2027 година претставува продолжување на фискалната консолидација, одржување на стабилност на јавните финансии и истовремено создавање услови за економски раст и реализација на развојни инвестиции. Таа се осврна на она што Предлог буџетот за 2027 година го предвидува за секторот здравство.

„За здравствена заштита во Буџетот за 3027 година се предвидени 58,7 милијарди денари или 2,8 повеќе од претходната година. 198 милиони денари се планирани само за медицинска опрема, од нив 115 милиони денари се за набавка на нови медицински возила и покрај тоа што веќе Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеа да обезбеди 100 нови амбулантни возила кои веќе се доставени низ здравствените установи ширум државата“, кажа Арсова.

Според неа, се покажува вистинска грижа за медицинските тимови да имаат подобри услови за работа, но и за граѓаните подобра здравствена заштита. Таа посочи и дека за скоро ќе започне ревидирање за клиничкиот центар во Штип.

„Имаме зголемување и кај средствата за клинички центар во Скопје и Штип. Овој податок за зголемување на финансиската поддршка на овие проекти, можеби не е доволен за реализација на клиничкиот центар во Штип, но е важно што е препознаен како еден од развојните приоритети.

Арсова посочи дека се инвестира и во условите за згрижување и воспитување на децата.

„Зголемување на средствата во програмата за детска заштита. Во буџетот за 2027 година од 30,998 милиони денари се зголемуваат на 92,250 милиони денари и овој раст е целосно насочен кон изградба, опремување и одржување на објекти преку програмата на детска инфраструктура. Ова е важен показател дека инвестиции во условите за згрижување и воспитување на децата се препознаени како развоен приоритет, изградбата и опремувањето на современи објекти за детска заштита значат подобри услови за најмладите, поддршка за родителите и создавање можности за полесно усогласување на семејниот и професионалниот живот“, истакна Арсова.

фото: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Можеби ќе ве интересира

Јаневска на одбележувањето 80 години Фулбрајт програма: Академската размена гради трајни вредности, партнерства и меѓусебна доверба

ДЕСК

Шасивари од Манила: Насилството врз децата бара одговор што ги надминува државните граници

ДЕСК

Митрески: 51 милион евра не се префрлени во вториот пензиски столб – во ризик пензиските заштеди на граѓаните

ДЕСК