Centar.mk
СВЕТ

Папата ги продолжува респираторната терапија и физиотерапијата без маска

Папата Франциско продолжи да прима респираторна терапија и физиотерапија без маска земајќи кислород преку канила откога вчера претрпе две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, соопшти денеска Ватикан.

Како што соопшти претходно денеска Ватикан, папата, кој беше хоспитализиран поради билатерална пневмонија, спиеше цела ноќ и продолжува да мирува и денеска.

Лекарите извадиле големо количество слуз, што се насобрало во неговите бели дробови, и направиле две бронхоскопии, при што со камера извадиле течност од неговите дишни патишта./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Орбан: Многу луѓе гласаат, тоа значи само едно

C +

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

C +

Две или три клучни прашања спречија договор, вели иранското министерство

C +