Centar.mk
БИЗНИС

Бафет: Царините до одреден степен се чин на војна

Американскиот милијардер, претседател и извршен директор на „Беркшир хатавеј“, изјави дека новите царини што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за неколку земји до одреден степен се чин на војна.

„Имавме големо искуство со нив. Царините се, всушност, чин на војна, до одреден степен. Со текот на времето тие стануваат данок на стоки. И тогаш што? Тоа прашање секогаш треба да го поставувате во економијата. Секогаш велите: А што тогаш?“, рече Бафет во интервју за „Си-би-ес њуз“ одговарајќи на прашањето како царините ќе влијаат на инфлацијата. Овој 94-годишник, кого медиумите го нарекоа пророкот од Омаха, додаде дека најголемиот дел од парите со кои управува секогаш ќе биде во САД бидејќи тоа е најдоброто место. Бафет ги поддржуваше претседателските кандидати во минатото, вклучувајќи ги Барак Обама и Хилари Клинтон, но одби да ги поддржи демократите на изборите во 2024 година.

Царините од 25 отсто за Мексико и Канада, предложени од американскиот претседател Доналд Трамп, стапија во сила денеска, а во февруари САД воведоа царини од 10 отсто за стоки од Кина.

Трамп исто така најави царина од 25 отсто за целиот увоз на челик и алуминиум во САД, што треба да стапи во сила на 12 март. Тој минатиот месец рече дека ќе им наплати реципрочна тарифа на земјите што имаат такви даноци за американските стоки.

Тој исто така се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за земјите од Европската Унија, како и 100 отсто царина за земјите од БРИКС, доколку тие го заменат американскиот долар како своја резервна валута/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ПОБЛИСКУ ДО РОАМИНГ КАКО ДОМА – ЕУ започна преговори со Западен Балкан

ДЕСК

КОЈ ЌЕ ГИ ПЛАЌА ИДНИТЕ ПЕНЗИИ? – Прашањето што денес го избегнуваме, а утре може да го почувствува секое семејство

ДЕСК

Лабудовиќ: Реформите во енергетскиот сектор носат конкретен напредок

ДЕСК