Centar.mk
СВЕТ

Руски политичар застрелан додека излегувал од кафуле

Рускиот политичар Николај Онишченко, началник на областа Завјаловски во регионот Алтај во централен Сибир, е убиен додека излегувал од кафуле. Истражниот комитет поведе кривична постапка, изјавија за новинарите руските истражни органи.

Од одделението додаваат дека во селото Завјалово е уапсен локален жител поради сомнение дека сторил кривично дело.

„Обвинителот на територијата, Алтај Антон Херман, гио стави под своја контрола расветлувањето на околностите и текот на кривичната истрага. По негова наредба, теренски обвинител работи на местото на настанот“, рече Марија Антошкана, помошник-обвинител од регионот.

Онишченко е роден на 8 август 1973 година. Тој беше избран на функцијата градоначалник на областа Завјаловски на територијата Алтај во октомври 2022 година. Пред тоа Онишченко работеше за руското Министерство за внатрешни работи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Спасени петмина од поплавената пештера во Лаос, се трага по уште двајца

C +

САД отвораат можност приватни компании да користат воен плутониум

C +

Само војници со „совршена линија“ ќе присуствуваат на УФЦ борбата во Белата куќа

C +