Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и релативно топло време

За денес УХМР најавува променливо облачно и релативно топло време, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, променливо облачно и релативно топло, претпладне во делови од котлината со појава на магла и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Управата за хирометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе има вренежи од дожд, локално пообилни (до 15 литри на метар квадратен), а во текот на ноќта кон понеделник на планините и на некои повисоки места претежно во западните и северните делови врнежите ќе бидат од повремен снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе биде пониска. Во деновите потоа времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СЕ СПОМНУВААТ МАКЕДОНЦИ: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

ДЕСК

Следува реконструкција на Владата? ВМРО ДПМНЕ не е задоволна од двајцата министри од ЗНАМ, има незадоволство и кај свои министри, објави СДК

ДЕСК

Филипче: За правда, слобода и безбедност владата доби единица од ЕУ – драматичен пад во споредба со лани

ДЕСК