Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека праведен мир во Украина е можен само доколку НАТО обезбеди безбедносни гаранции.

„Ова е најефективниот начин да се спречи нова руска инвазија. Праведен и траен мир во Украина е невозможен доколку на Киев не му се дадат гаранции дека Русија нема повторно да ја нападне земјата“, рече Мелони по средбата со шведскиот премиер Улф Кристерсон во Рим, пренесува УНН.

„Мора да се направат напори за да се постават темелите за праведен и траен мир во Украина, што ќе биде возможно само доколку на Киев му се обезбедат соодветни безбедносни гаранции. Ова би спречило повторување на вакви настани и европските нации кои се чувствуваат загрозени би можеле да бидат безбедни“, додаде Мелони.

Таа нагласи и дека безбедносните гаранции за Украина треба да се спроведуваат во рамките на НАТО.

„Верувам дека ова е најдобрата структура за да се гарантира мир кој нема да биде ниту кревок ниту привремен, за да нема ризик Европа да западне повторно во драмата на војната. Другите решенија ми се чинат покомплицирани и, искрено, помалку ефективни“, заклучи Мелони./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Турскиот опозициски лидер оди на суд: се соочува со 2.430 години затвор

C +

Експерти: САД влегуваат во војна во Иран без цел или стратегија

C +

(Видео) Американската војска уби шестмина во Пацификот: „Патувале по шверцерски рути“

C +