Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ бара итна истрага

Портпаролката на СДСМ потенцираше дека граѓаните не си заминуваат од Македонија затоа што нема 3000 работни места во администрацијата, туку затоа што владее корупција, клиентелизам и нееднакви можности за напредок.

„Оние што не припаѓаат на владејачките партии остануваат без можности, а професионалците заминуваат затоа што во оваа држава не се вреднува знаењето, туку партиската лојалност. Ова е вистинскиот проблем“ – изјави Кузевска.

СДСМ побара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) итно да постапи по оваа изјава, итно стопирање на сите моментални вработувања во државната администрација и целосна истрага за овој скандал од надлежните институции.

„Ова не смее да остане неказнето. Бараме институциите да реагираат веднаш, за да се спречи уште една масовна партиска злоупотреба. СДСМ ќе се спротивстави на оваа политика и ќе ја брани праведноста и транспарентноста во институциите. Граѓаните заслужуваат држава во која секој ќе има еднаква можност, а не држава во која работните места се распределуваат според партиски списоци“ – заклучи Кузевска.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +