13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Макрон: Нашата безбедност и интересите се загрозени поради војната во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека безбедноста и интересите на Франција и Европа се загрозени од војната во Украина и дека ситуацијата е загрижувачка.

Неколку часа по долгата средба со лидерите на партиите и парламентарните групи во францускиот парламент, Макрон синоќа помина повеќе од еден час на социјалните мрежи одговарајќи на прашања за војната во Украина и руската закана за Европа, како и за европската безбедност.

Макрон оцени дека Украина „не може воено да ги врати териториите окупирани од Кремљ“ и повика на траен мир кој на Украина ќе и обезбеди стабилност и безбедносни гаранции, како и мир во кој ќе учествуваат Украинците, јави денеска телевизијата БФМ.

Францускиот претседател потсети дека војната трае веќе три години, оценувајќи дека тоа е „пораз за Русија“ и дека „Украина пружила неверојатен отпор“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Алармантни податоци: СЗО предупредува на растечка закана

ДЕСК

Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

C +

Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

C +
error: Соддржината е заштитена.