Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утрово најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -12 степени, -9 било во Маврови Анови, -8 во Крушево, -6 во Берово, -5 во Крива Паланка, -4 во Прилеп, -3 во Штип и Виница, -2 во Тетово, Охрид, Претор и Битола, -1 во Скопје-Петровец, во Скопје-Зајчев Рид, 0 во Велес, Кавадарци и Струмица, 1 во Демир Капија, 2 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка во 7 часот утрово изнесувала 32 сантиметри на Попова Шапка и 7 во Маврови Анови.

Времето денеска

Наутро променливо облачно, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени.

Во Скопје наутро претежно облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, во делови од котлината и особено на повисоко повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК