Centar.mk
СВЕТ

Шефот на НАТО: Европа е подготвена да преземе водечка улога во осигурувањето безбедносни гаранции за Украина

„Европа е подготвена и има желба да истапи во корист на Украина“, изјави вчера вечер генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

„Подготвени и со желба. Тоа е мојот заклучок од денешниот состанок во Париз“, напиша Руте на Икс по итниот состанок во француската престолнина.

Тој нагласи дека Европа е подготвена да преземе водечка улога во осигурувањето безбедносни гаранции за Украина.

„Подготвени да инвестираме многу повеќе во нашата безбедност“, додаде тој.

Во Париз се одржа итен состанок за Украина на покана на францускиот претседател Емануел Макрон.

Европските лидери се собраа поради загриженоста предизвикана од директниот ангажман на американскиот претседател Доналд Трамп со Русија и намерата на неговата администрација да ја исклучи ЕУ од украинските мировни преговори./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Со вперени пушки израелската војска приведе екипа на Си-Ен-Ен

C +

Чешка вели дека нема пари за одбрана за да ја исполни целта на НАТО

C +

Трамп: Зошто би биле ние тука за НАТО, ако тие не беа тука за нас

C +