15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk (c) /Илустрација
БИЗНИС

Поевтина струја и храна – дали владејачкото мнозинство ќе го поддржи предлогот на СДСМ?

СДСМ денеска го повика ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи нивниот предлог-закон за намалување на ДДВ за струја и основни прехранбени производи, кој според нив, ќе донесе значително олеснување за граѓаните.

-Поради зголемувањето на цените на струјата за 20% до 30%, семејните буџети се под постојан притисок. СДСМ денеска поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за ДДВ, со кој бараме намалување на ДДВ за струјата од 18% на 5%, што значи директно намалување на сметките за околу 13%. За едно просечно домаќинство, тоа ќе значи заштеда од околу 400 денари месечно, рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

“Секое одолговлекување на овој процес значи нов удар врз семејните буџети. Владејачкото мнозинство има шанса да ја искористи скратената постапка за нешто што директно ќе им помогне на граѓаните. Дали ќе покажат вистинска грижа или повторно ќе ја игнорираат реалноста?” праша пратеникот Фатмир Битиќи.

Тој ја повика власта веднаш да го прифати предлогот и да не ги игнорира економските тешкотии со кои се соочува народот.
Ќе ги прифати ли владејачкото мнозинство предлогот на СДСМ?

Можеби ќе ве интересира

Приклучете се на ХалкЕко, за активно лето со еко придобивки

ДЕСК

Свечено отворање на Dioptra Optic Urban Concept – првиот store-in-store оптички концепт во Македонија

ДЕСК

Советот на Народната банка донесе одлуки за унапредување на заштитата на потрошувачите на финансиски услуги

C +