13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Битиќи: Со намален ДДВ за струја граѓаните ќе заштедат околу 400 денари месечно

Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната прес-конференција рече дека граѓаните се соочуваат со сé поголеми економски предизвици поради зголемените цени на основните прехранбени производи и електричната енергија. Како што рече, Владата не презема никакви конкретни мерки за да го заштити животниот стандард на граѓаните и затоа СДСМ поднесува Закон за измени на Законот за ДДВ со кој по итна постапка пратениците од оваа партија бараат намалување на ДДВ за струјата од 18% на 5%.

“Поради зголемувањето на цените на струјата за 20% до 30%, семејните буџети се под постојан притисок. СДСМ денеска поднесе Предлог-закон за изменување на Законот за ДДВ, со кој бараме намалување на ДДВ за струјата од 18% на 5%, што значи директно намалување на сметките за околу 13%. За едно просечно домаќинство, тоа ќе значи заштеда од околу 400 денари месечно,” изјави Битиќи.

СДСМ ја повика владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи овој предлог и да покаже вистинска грижа за граѓаните.

-Со поднесувањето на овој Предлог-закон по скратена постапка, започнуваме процес за системска реализација на мерките што директно ќе го олеснат финансискиот товар на граѓаните. Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за животниот стандард, ќе го поддржи овој предлог. Секое одолговлекување значи нов удар врз семејните буџети. Секој глас „ЗА“ ќе биде глас за реални, опипливи решенија, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Добра вест: Поевтинуваат горивата

ДЕСК

Објавена листа на должници со имиња на фирми и луѓе – кој колку должи за данок кон државата?

ДЕСК

Просечната цена на електричната енергија пресметана по KWh за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, во првото полугодие од 2025 година, во однос на второто полугодие од 2024 година, бележи пад од 8.7 %

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.