Двајца млади жители на Гостивар, на возраст од 23 и 25 години, биле физички нападнати од повеќе лица на локалниот пат меѓу селата Чајле и Балиндол, откако претходно им бил попречен патот со патнички возила.
Според информациите пријавени во ОВР Гостивар, инцидентот се случил на 8 ноември 2026 година, околу 03:00 часот. Повеќе лица со автомобили го попречиле движењето на двајцата гостиварци, по што физички ги нападнале.
Во нападот двајцата млади мажи се здобиле со повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Полицијата презема мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.


