Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Оваа општина дели по 10.000 денари за секое новороденче

Вкупно 243 семејства од Општина Центар оваа година добиле еднократна финансиска помош за новороденче во износ од 10.000 денари. Општината ја зголеми оваа поддршка од 7.000 на 10.000 денари, со цел да им помогне на младите родители за да им да им ги олесни трошоците по раѓањето на детето.

„Доаѓањето на принова е еден од најубавите моменти во семејството, но носи и нови обврски и трошоци. Знаеме дека во тие моменти секоја финансиска помош е добредојдена. Затоа решивме да ја зголемивме еднократната поддршка и тоа ветување го исполнивме. За нас е важно грижата за семејствата да не остане само на зборови и ветувања, туку да се претвори во конкретна поддршка што граѓаните директно ја добиваат“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува да вложува во семејствата, со посебен фокус на најмладите жители и создавањето подобри услови за нивниот раст и развој.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

ДЕСК

Бојковска: Во новиот Кривичен законик воведуваме кривично дело со затворска казна за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем

ДЕСК

Шукова: Мицкоски излажа за Алта банка, одговорност мора да има

ДЕСК