Centar.mk
СВЕТ

Хамас: Израел го прекршува примирјето

Во израелски воздушен напад источно од Рафах загинаа тројца полицајци, објави Хамас, нарекувајќи го кршење на кревкиот прекин на огнот воспоставен на 19-ти јануари.

Соопшти дека полицајците биле распоредени за да обезбедат влез на хуманитарни камиони во Газа.

„Силно го осудуваме ова злосторство. Ги повикуваме посредниците и меѓународната заедница да ја принудат окупаторската армија да престане да ги напаѓа полициските сили, кои се цивилна служба“, се вели во соопштението.

Израелската војска тврди дека нападот бил насочен кон неколку вооружени лица кои се движеле кон израелските сили во областа и дека „целите се потврдени“. Тие ги повикаа жителите на Газа да ги следат воените инструкции и да се држат настрана од израелските војници распоредени во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ПОДГОТВУВА НОВИ ПРАВИЛА ЗА СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ – Повеќе вештини за индустријата и новите технологии

ДЕСК

РУСКИ И УКРАИНСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ ВО БЕЛАТА КУЌА – Меланија Трамп разговараше за хуманитарната операција во Олешки

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО ПАРАГВАЈ – Пења најави оставка по потресот со банката „Уено“

ДЕСК