Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во конзервираната риба туна присутна голема концентрација на жива-Чибишев ги повикува надлежните на внимателност

Европските институции за контрола и безбедност на храната алармираат за присутна голема концетрација на жива во конзервирана риба-туна и повикуваат на внимателност и построги контроли на храната која се увезува во земјите на ЕУ, пишува на социјалните мрежи Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија.

„Некои примероци имале дури 13 пати повисока концентрација на жива од дозволената.
Живата е тежок метал чии соединенија внесувани во организмот можат да предизвикаат тешки неповратни оштетувања на централниот нервен систем, бубрезите и коскената срцевина. Депонирани во човечкиот организам можат таму да останат со години. Предизвикуваат сериозни оштетувања на мозокот и периферните нерви, компромитирање на функцијата на бубрезите и пореметување во циклусот на зреење на клетките од крвната лоза“, потсетува Чибишев.

Предупредува дека се особено опасни кај малите деца и трудниците.

Ги повика македонските институции задолжени за безбедност на храната на внимателност./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +