Centar.mk
БИЗНИС

Фон дер Лајен: Неоправданите американски царини нема да поминат без одговор на ЕУ

Европската унија нема да дозволи одлуката на САД да воведат царини од 25 отсто за увоз на челик да остане без одговор, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

„Длабоко жалам за одлуката на САД да воведат царини за европскиот извоз на челик и алуминиум“, рече фон дер Лајен во објавата на мрежата X.

ЕУ, според неа, ќе дејствува за да ги заштити своите економски интереси, работниците, работодавачите и потрошувачите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Се токмат нови цени на горивата – нафтата на светските берзи драстично паѓа, ќе падне ли цената на горивата и во Македонија?

ДЕСК

Пад на цените на нафтата по надежите за договор меѓу САД и Иран

C +

Зошто храната е скапа и кога светските цени паѓаат?

ДЕСК