Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ го уништија образованието, ги оставија учениците без материјали и учебници

„СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години. СДС ги остави училиштата без основни средства за дезинфекција, учениците без материјали и учебници. Концептот на СДС и Мила Царовска тотално го уништија образованието а поради тоа најмногу страдаа децата и наставниците. Концептот на Царовска и СДС за дигитализација на образованието создаде хаос“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС наместо да обезбедат учебници со години ги полнеа џебовите со ексклузивните договори за печатење учебници и откуп на ексклузивни права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди учебници, гради и обновува училишта и спортски сали. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да го направи образованието подобро и поквалитетно“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ соработува со учениците и студентите, наставниците и родителите, и со сите граѓани и експерти за да воспостави напреден воспитно-образовен систем“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Железничките проекти на Коридорите 8, развој на брзата пруга на Коридорот 10 напредуваат

ДЕСК

По страшната трагедија за новогодишната ноќ, се огласи Министерството за здравство со детали за случајот со починатото бебе

ДЕСК

Повреден војник во затворот Идризово

ДЕСК