Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Лефков и ВМРО-ДПМНЕ се очајни, судијката е од тефтерчето на Јанкуловска избрана во 2012 година

-Миле Лефков и ВМРО-ДПМНЕ наместо да се сокријат од јавноста во дупка, се обидуваат да лажат и вината да ја префрлаат на СДСМ. Но фактите и вистината не може да се скријат и еве доказ за тоа. Судијката Даниела Алексоска Стојановска е избрана токму од ВМРО-ДПМНЕ и излезена од тефтерчето на Јанкулоска. Таа станува судија на 8.2.2012 во екот на владеењето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните добро знаат како се бираа судиите тогаш и чиј избор е Алексоска Стојаноска, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на ДПМНЕ.

Понатаму, додаваат од СДСМ, страшно и жално е да се злоупотребува овој настан од страна на ВМРО-ДПМНЕ кога самите добро знаат дека како судијката, така и таткото на оној кој ја прегази Фросина се блиски до нивната партија.

-СДСМ никогаш не сакаше да користи ваква реторика и напад, но очигледно ВМРО-ДПМНЕ нема граници, чест и углед за достоинствено да се носи со сите кризи и немили настани во државата.

СДСМ нема да продолжи да игра на оваа карта, го предупредуваме ВМРО-ДПМНЕ да престане со некрофилски политики да го политизира случајот туку да најде решенија за дивеењето по улиците. Неспособноста на Тошковски да воспостави било каков ред во државата и на улиците резултира со жртви секој ден. Полицијата никаде ја нема кога е потребно, ниту има контрола над безбедноста. Тоа факт кој ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие.

ВМРО-ДПМНЕ нека си направи ревизија на самата себе, бидејќи извор на сите проблеми со безбедноста на улиците, со неправди и скандали се токму тие, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК

ИЛИ 180 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК ИЛИ ПРОТЕСТИ – Студентите со конкретни барања до МОН

ДЕСК

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

ДЕСК